Friday, November 07, 2008

Класно раководство

Доколку имате предлог за некои теми за дискусија на часовите на одделенската заедница ова е местото на кое може анонимно да ги напишете.
Исто така доколку имате некоја забелешка или проблем слободно кажете го!

Наставата по информатика

Дали ви се допаѓа наставата по информатика?
Доколку имате некои предлози како да се подобри ги очекувам вашите коментари.

Оценувањето во првото тримесечие

Како сте задоволни од оценувањето по информатика во првото тримесечие?
Што мислите за оценките?
Очекувам искрени одговори!

Tuesday, May 06, 2008

Избор на најдобра понуда

  1. Поставување проблем – Интернет конекцијата која моментално ја имаме во нашето училиште не задоволува. Во план е избор на нов интернет провајдер. Дали би можеле да ни помогнете во тоа?
  2. Задача – Кој интернет провајдер нуди најдобра понуда за приклучување на интернет? Дали може да направите избор?
  3. Процес - Пребарајте на интернет податоци за понудите за пристап до интернет од разни провајдери. Разгледајте однос трансфер на податоци, брзина на download и upload, како и цена на пакетот. Определете ја најдобрата понуда.
  4. Ресурси - Интернет пребарувач во кој се разгледуваат страните на овие три интернет провајдери кои ги нудат услугите во овој дел од Скопје:

www.on.net.mk

www.mt.net.mk

www.telekabel.com.mk

  1. Заклучок – Вашата понуда снимете ја во Word документ.

Thursday, March 06, 2008

Оценување

Како ви се допаѓаат промените во оценувањето во нашето училиште?
Што мислите за оценувањето?
Што мислите за оценувањето по информатика?
Како ви се допаѓа самооценувањето на часовите и што мислите за тоа? Дали сте реални?

Второ полугодие

Се надевам се одморивте и подготвени сте за почеток со учење и во ова полугодие. Како ви се допаѓа почетокот и содржините кои ги изучуваме на часовите во ова полугодие?